Тренерот на ПСЖ го потврди трансферот на Ренато Санчез и побара уште ТРИ засилувања!

by
1 минути читање

„Светците“ ова
лето ги ангажираат Витиња, Уго Екитике и Норди Мукиеле, а сега се на прагот и
на четвртото засилување.

„Очекуваме Ренато
Санчез да пристигне попладнево. Ни се укажа шанса да ангажираме квалитетен
фудбалер кој добро ја познава Лига 1 и ја искористивме приликата. Тој е
фудбалер кој има поразлични квалитети од играчите кои ги имаме во составот. Ќе му
треба време да се интегрира, дојде подоцна, малку играше на подготовките па заостанува во однос на другите“
– вели Кристоф Галтие.

За тренерот на
ПСЖ трансфер пазарот сепак не е завршен, тој сака уште три нови имиња до крајот
на месецот.

„Ако ме прашате
уште колку засилувања сакам, одговорот е три. Сакам одреден број и одреден тип
на играчи за да имаме здрава конкуренција во тимот. Дали за кратко време ќе ги
добијам овие три засилувања, дали ќе почекам до крајот на месецот или можеби
воопшто нема да ги добијам, навистина не знам. Но знам дека клубот го дава
максимумот за да ми обезбеди најдобар состав“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани