На натпреварот помеѓу Евертон и Тотнем во понеделникот беа покажни два црвени картони, првиот му беше покажен на Абдулаје Дукуре, кој ги загуби нервите и со рака го закачи Хари Кејн во лице.
Сепак, Шон Дајч смета дека Хари Кејн се однесувал срамно и добро одглумил.
„Беше направена голема драма за ништо. Па уште и кога видов дека докторот го проверува за потрес на мозокот… Озбилно? Ај не се зафркавајте“ – вели тренерот на Евертон.
Вториот црвен картон му беше покажан на Лукас Мура, кој опасно му влезе на Мајкл Кин.
„Чудна работа е тоа што подоцна имаше старт со кој можеше да му биде скршена нога на Кин, и никој ништо не рече, а на Кејн му ја „скршија“ трепавицата и сите се однесуваа како да е крај на светот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.