182
Кансело замина од Манчестер Сити откако се скара со Гвардиола поради тоа што тој почна да го става на клупата за резерви.
Но, истото му се случи и под водство на Нагелсман поради што исто така јавно го искажа незадоволството.
За него ништо не се промени ниту кај Тухел, доколку може да се суди по еден натпревар. Кансело беше на клупата на мечот со Борусија Дортмунд, во игра влезе во 79. минута на местото од Дејвис.
„Тренерот ги носи одлуките, но Жоао е топ фудбалер кој ни е потребен. Сигурен сум дека Кансело ќе ги добие своите натпревари“, рече директорот на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.