36-годишниот италијански стратег, Франческо Фариоли кој е тренер на Ајакс, не можеше да се смири по последното коло од холандската лига, имаше многу емоции поради пропуштената шанса да ја освои титулата.
До пред пет кола до крајот Ајакс имаше убедлива предност пред ПСВ и никој не веруваше дека тимот од Амстердам може да ја прокоцка разликата, но се случи токму тоа.
Ајакс врза четири натпревари без победа, а особено болеше ремито против Гронингем кога противникот постигна гол во 99. минута.
Холандскиот гигант загуби многу бодови, па вчерашната победа над Твенте беше залудна. ПСВ ја освои титулата со бод повеќе од Ајакс.
По крајот на натпреварот најмногу емоции имаше тренерот Франческо Фариоли кои не можеше да се смири.
Francesco Farioli ❤️ pic.twitter.com/wdpaKIFrqL
— AFC Ajax (@AFCAjax) May 18, 2025