163
Најскапото засилување во историјата на Ајакс, Себастијан Алер не се најде на листата пријавни фудбалери во Лига Европа. Тренерот Ерик тен Хаг вели дека станува збор за компјутерска грешка.
„Не е за смеење. Секако дека ова иритира. Алер беше на листата, но е направена административна грешка, или подобро кажано компјутерска грешка при штиклирање на полиња“ – вели Тен Хаг.
За тоа кој е виновен, Тен Хаг додава: „Први сме јас и Марк Овермарс. Ова не требаше да се случи, но секако, луѓе сме и правиме грешки“.
„Себастијан Алер е разочаран но знае дека не е направено намерно“.
„Ќе продолжиме да се обидуваме да го вметнеме на листата, не губиме надеж“.