Тренерот на Абердин го испофали Миовски: Тој е сензационален, не само на натпреварите, туку и на тренинзите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Миовски со пет постигнати гола засега е прв стрелец во шкотската лига, синоќа му даде два погодока на Ливингстон.

Македонецот брзо ги освои навивачите на Абердин, но пофалби не доаѓаат само од нив, тренерот Џим Гудвин е импресиониран од Миовски, по вчерашниот меч имаше само пофалби за нашиот фудбалер. 

„Миовски е извонреден откако дојде. Понекогаш на странците им треба подолго време за да се прилагодат на друга земја, на друга култура, но тој е сензационален, не само на натпреварите, туку и на тренинзите, тој е неверојатен“, вели тренерот Џим Гудвин.

(Од 3:20 почнува да зборува за Миовски)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани