Тренер роден во Струмица го врати Овиедо во Примера!

by 24 фудбал
1 минути читање

По цели 24 години чекање, Овиедо конечно се враќа во елитата на шпанскиот фудбал!

Тимот кој од клупата го предводи српскиот стратег роден во Струмица, Вељко Пауновиќ, избори историско промоција во Ла Лигасо драматична победа над Мирандес во баражот.

По поразот од 2-1 во првиот меч, Овиедо мораше да брка резултат пред своите гледачи, а тоа го направи на спектакуларен начин. Иако гостите први поведоа и ја замолчија публиката, домашните не се предадоа – Сантјо Казорла погоди од пенал за израмнување и внесе нова енергија на „Карлос Тартиере“. Со истиот резултат од првиот меч (2-1) во регуларниот дел, дуелот отиде во продолженија. Таму, магијата дојде од Портиљо со мајсторски погодок што значеше конечни 3-1 и експлозија од емоции во Астурија.

За 41-годишниот Казорла, ова речиси сигурно беше последен натпревар во професионалната кариера, а враќањето на клубот во Примера е идеален крај на една извонредна фудбалска приказна.

Овиедо ќе ја почувствува Примера по првпат од 2001 година, а Пауновиќ со тим полн со срце и карактер испиша ново златно поглавје во клупската историја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×