Ансу Фати е блиску до нова етапа во кариерата според најновите информации од доверливи извори, Монако е на прагот да го договори трансферот на шпанскиот напаѓач од Барселона. Станува збор за позајмица со опција за откуп и вклучена клаузула за процент од идната продажба во корист на каталонскиот гигант.
Преговорите меѓу клубовите се во напредна фаза, а договорот е речиси финализиран. Фати ја прифатил идејата за нова средина и е мотивиран да се врати на вистинскиот пат во кариерата, откако последните сезони беа далеку од очекувањата.
Ансу Фати беше дете-чудо и симбол на новата генерација на Барселона, наследник на дресот со број 10 по заминувањето на Лионел Меси. Но, серијата повреди, нестабилната форма и конкуренцијата во тимот го спречија да го исполни потенцијалот. Последната сезона ја мина на позајмица во Брајтон, но без посебно впечатлив учинок.
Сега, со потенцијалниот трансфер во Монако, Фати добива шанса за нов почеток во клуб кој важи за одлична средина за развој на млади таленти. Дали ќе успее да се врати на патеката што му се предвидуваше на стартот од кариерата, останува да се види.