Новата сезина во
Серија А почна возбудливо, Родриго Бекао веќе во втората минута донесе водство
за Удинезе на гостувањето кај шампионот Милан.
Кратко потоа се
случи и првата контроверзија, со помош на ВАР, Милан доби сомнителен пенал.
Флоренци беше во
гол шанса, но десниот бек ја промаши топката и направи контакт со Сопи, кој
тргна да го блокира ударот. Во прв момент судијата не покажа ништо, но откако
се упати покрај аут линијата и ги гледаше повторените снимки реши да покаже на
белата точка.
Тео Ернандез ја
реализираше најстрогата казна и изедначи на 1-1, а по 15 минути игра, Милан
направи комплетен пресврт и поведе со 2-1 со голот на Ребиќ.
Het is overal iets met de VAR.
Hier krijgt Milan een strafschop voor, begrijpe wie kan.#MilanUdinese pic.twitter.com/I3YiX7GUCm— Tom (@tremans) August 13, 2022