Трапановски пред мечот со Белгија: Најважно е тактички добро да се подготвиме!

by riste
1 минути читање

Пред фудбалската репрезентација на Македонија се два квалификациски натпревари за Светското првенство, дуелите со Белгија и Казахстан.

На 6 јуни ја пречекуваме Белгија во Скопје, а три дена подоцна му гостуваме на Казахстан.

„Мислам дека мотивацијата е на највисоко ниво. Тоа што сме тука не значи дека за нас е завршена сезоната. Ова за нас се последни натпревари од оваа сезона. Подготвени сме, имаме почит кон секого, но мотивацијата е на високо ниво и се надевам дека ќе имаме добар пристап со Белгија и Казахстан. Мислам дека имаат добри фудбалери, но ако сме тактички подготвени, тогаш може да им парираме. Тактичкиот дел ќе биде најважен, а исто така не треба да се трошат зборови за квалитетот на Белгија. Имав добар сезона, иако имав неколку повреди, но подготвен сум да го дадам најдоброто“, кажа Трапановски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани