140
Кристијан Трапановски неодамна се врати по пауза од повреда, но синоќа повторно мораше предвреме да го напушти теренот откако почувствува болки во левиот бутен мускул.
Вчера Данди јунајтед му гостуваше на Хибернијан каде одигра 1-1. Трапановски го почна мечот од клупата, во игра влезе на почетокот од второто полувреме но по само десетина минути се повреди и мораше да излезе.
Трапановски поради повреда не беше во комбинација минатите два меча на Македонија во Лигата на нации, а од иста причина ќе ги пропушти и следните два дуели, против Фарски Острови и Летонија.
Се очекува Македонецот да биде неколку недели во аут, но допрва ќе се знае колку точно ќе паузира.