Трансферот на Нуњез во Ливерпул ќе има домино ефект

by
1 минути читање

Се очекува домино ефект од трансферот на Нуњез во Ливерпул, односно тоа да предизвика и Мане и Левандовски да можат да ги променат клубовите.

Ливерпул откако го ангажираше Нуњез, сега може да му го продаде Мане на Баерн Минхен, а информациите велат дека зделката е во завршна фаза.

Мане и Баерн Минхен постигнале согласност за тригодишен договор, останува уште клубовите да ја прецизираат висината на обесштетувањето.

Кога Мане ќе го комплетира трансферот во Баерн Минхен, Баварците ќе може да му ја исполнат желбата на Левандовски и да го пуштат за разумна отштета да замине во Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани