ПСЖ бара 200 милиони евра за Килијан Мбапе, а фудбалерот сака да му биде исплатена и последната година од договорот.
Најзаинтересиран е Реал Мадрид, кралскиот клуб нема намера да плати 200 милиони евра, плус да му ја даде платата на Мбапе која треба да ја заработи во ПСЖ за последната сезона од договорот.
Од друга страна пак, ПСЖ ако му ја исплати последната сезона на Мбапе, тоа значително ќе ја намали нивната заработка од неговиот трансфер.
Ал Келаифи рече дека Мбапе или ќе потпише нов договор или ќе биде продаден ова лето. Но напаѓачот не сака да слушне за првото, а за второто ќе прифати само доколку ги добие парите од последната сезона од договорот со ПСЖ.
Ситуацијата во моментов изгледа крајно комплицирано, а иднината на Мбапе неизвесна. Треба некој да попушти, да се откаже од големи пари за трансферот да се реализира.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.