Трансферот на Дарвин Нуњез во Ливерпул стана поскап, активиран првиот бонус

by
1 минути читање

Дарвин Нуњез беше
големото летно засилување на Ливерпул, клубот од Енфилд се сложи да плати до
100 милиони евра за услугите на Уругваецот.

Напаѓачот
дебитираше со гол против Фулам, но неговата адаптација во Премиерлигата се одвива
бавно и „црвените“ се уште не го добиваат тоа што го очекуваа.

Но Бенфика веќе
се радува на нова исплата, како што пренесуваат медиумите од Португалија, се
активирал првиот бонус.

Ливерпул ќе треба
да исплати додатни 5 милиони евра откако Дарвин Нуњез одигра 10 натпревари во
дресот на „црвените“.

Вториот бонус ќе
се активира кога Дарвин Нуњез ќе одигра 30 натпревари, исплатата тогаш исто
така ќе биде 5 милиони евра, a има и трета исплата од 5 милиони евра кога
напаѓачот ќе одигра 60 натпревари.

Преостанатите 10
милиони евра во бонуси се поврзани со индивидуалните и колективните
постигнувања.

Фиксната сума од
трансферот е 75 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×