Mногу брзо откако беше потврден трансферот на Мартин Зубиаменди пристигна уште една одлична вест за навивачите на Арсенал, Виктор Ѓокереш исто така е на пат за Лондон.
Најпознатите светски медиуми пренесуваат дека Арсенал ќе плати 80 милиони евра за неговиот трансфер и наскоро се би требало да биде официјализирано.
Информациите се дека Арсенал ќе плати 65 милиони евра фиксно и уште 15 преку бонуси.
Фабрицио Романо потврди дека Швеѓанецот ги договорил личните услови со лондонскиот клуб и го известил Спортинг дека сака да се пресели в оЛондон.
Во дресот на Спортинг, Ѓокереш постигна 97 голови и запиша 28 асистенции на 102 натпревари.
Ако се земе предвид дека претходно пристигнаа и Кепа и Кристијан Норгард, изгледа дека Арсенал е пред еден од најдобрите преодни рокови во последните неколку години.