Трансфер на кариерата, Словенец за 22 милиони евра се сели од калчото во ПЛ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Словенечкиот репрезентативец Јака Бијол од следната сезона ќе настапува во најсилното англиско првенство. Лидс Јунајтед го договори неговиот трансфер од Удинезе за 22 милиони евра, пренесува Фабрицио Романо.

Со оваа зделка Бијол стана вториот најскапоцен словенечки фудбалер во историјата. Единствено Бенјамин Шешко има поскап трансфер неговиот премин од Салцбург во Лајпциг изнесуваше 24 милиони евра.

Шешко и летово може да го помести тој рекорд, бидејќи се шпекулира за негова преселба во Арсенал, што би го направило недостижен на врвот меѓу Словенците.

Бијол зад себе има извонредна сезона како стандарден првотимец и во Удинезе и во репрезентацијата на Словенија, која имаше солиден настап на Европското првенство. Претходно играше за Рудар Велење, ЦСКА Москва и Хановер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×