Весникот Спорт
објави дека раководството на Барселона веќе одлучило дека на Камп Ноу ќе го
врати 20 годишниот Чади Риад, информацијата ја потврди и новинарот Фабрицио
Романо.
Дефанзивецот минатото
лето беше испратен во Бетис во потрага на поголема минутажа, одлично се снајде,
прикажува квалитетни партии, па веќе привлекува голем интерес.
„Каталонците“ нема да дозволат некој друг да го „лапне“, па го известиле играчот и Бетис дека ќе ја активираат клаузулата со која можат да
го купат Чади Риад за 7 милиони евра.
Но пред формално
да го сторат тоа, ќе треба да почекаат Бетис да ја искористи својата опција и со
3,5 милиони евра да го купат играчот од Барса.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.