Трајковски: Гатузо е одличен избор за Италија!

by riste
0 минути читање

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, кој работеше со Џенаро Гатузо во Хајдук, има само пофалби за новиот селектор на Италија.

Тој за италијанските медиуми даде изјава за Гатузо.

„Среќен сум поради Гатузо, мислам дека тој е одличен избор за репрезентацијата на Италија“, изјави Трајковски.

Трајковски како поранешен играч на Палермо беше прашан и за назначувањето на Пипо Инзаги за нов тренер на овој тим.

„Се надевам дека Пипо Инзаги ќе успее да го врати Палермо во Серија А“, додаде Македонецот.

Се шпекулира дека Трајковски би можел да се врати во Палермо ова лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×