Трагична вест од Србија, загина 19-годишен фудбалер во сообраќајна несреќа

by
0 минути читање

Филип Радуловиќ кој пред само една недела наполни 19 години, со својот автомобил Мерцедес директно се судрл со возач на БМВ.

Фудбалерот излегувал од својот град Вршац кога во неговата лента од спротивен правец се појавил БМВ автомобил и директно удрил во него.

Филип Радуловиќ загинал во сообраќајната несреќа, а за возачот на БМВ-то е поднесена кривична пријава за извршено тешко дело против безбедноста во сообраќајот.

Изминатиот викенд Филип го одигира последниот натпревар за Слога Пландиште.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×