Трагедија во Србија, загина фудбалер по удар од воз!

by riste
0 минути читање

На 23-годишна возраст животот го загуби фудбалерот на Полет Дорчол, Игор Миловановиќ по удар од воз.

Според информациите кои доаѓаат од Србија, несреќата се случила во раните утрински часови кога Миловановиќ со автомобил излетал од патот и се превртел. Возилото паднало на пруга. Фудбалерот во безознание поминал три часа во автомобилот по што на него налетал воз.

Миловановиќ важел за талентиран фудбалер. Својата кариера ја започнал во младинската школа на Рад, а потоа играл за сениорските тимови на Вршац, Смедерево, Будуќност Крушик, Михајловац и ГСП Полет Дорчол.

Фото: FK GSP Polet Dorćol/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани