За време на пријателскиот меч меѓу Реал Спорт Клуб и Естрела Амадора, почина поранешниот фудбалер на Вест Бромвич, 25-годишниот Кевин Кастро.
Инцидентот се случил утринава, по само десет минути игра, Кастро се срушил на теренот.
Медицинските екипи веднаш реагирале, бил употребен и дефибрилатор во обид да се анимира младиот играч. Брзо стигнала и екипа на итната медицинска помош која го префрлила фудбалерот во најблиската болница, за жал лекарите можеле само да констатираат смрт.
Кевин Кастро беше дел од академијата на Спортинг Лисабон, а потоа и од академијата на Челси. Имаше настапи за Вест Бромвич Албион, а подоцна играше за Јорк Сити, Кевин Кембриџ и други.
Тој летово се врати во Португалија и го засили тимот на Реал Спорт Клуб.
Клубовите и фудбалската јавност веднаш упатија пораки со сочувство до семејството на Кастро. Естрела Амадора јавно се прости од него, а неговиот поранешен клуб Вест Бромвич Албион најави дека ќе му одаде почест со едноминутно молчење на претстојниот натпревар против Барнли.