Трагедија во Минхен: Починал навивач на трибините додека Роналдо и Португалија се радуваа на трофејот

by bojan
1 минути читање

Еден навивач го загубил животот откако паднал од горниот дел на трибините на „Алианц Арена“ за време на пресметката помеѓу Португалија и Шпанија во финалето на Лигата на нации,

Португалија синоќа на пенали ја совлада Шпанија и стигна до нова титула во Лигата на нации, но додека Кристијано Роналдо и соиграчите се радуваа на трофејот, на „Алианц Арена“ се случила трагедија, еден навивач го загубил животот откако паднал од горниот дел на трибините.

Причините за трагедијата не се познати, но се претпоставува дека се работи за несреќен случај.

Медицински лица веднаш пристигнале на местото, полицијата и обезбедувањето направило коридор, но за жал обидите за реанимација биле неуспешни, навивачот починал речиси веднаш.

Веста за трагичниот настан прв ја соопшти Де ла Фуенте, селекторот на Шпанија на средбата со новинарите рече: „Најпрво сакам да изразам сочувство до семејството на навивачот кој почина. Ова нè потсетува на тоа што навистина е важно во животот“.

Потоа се огласија и од УЕФА: „Имаше итен медицински случај на „Алианц Арена“ во Минхен, но и покрај напорите на лекарскиот тим, лицето за жал почина во 00:06 часот. Во ови тешки моменти, нашите мисли се со неговите најблиски“.

ФОТО: X/Seleções Portuguesas de Futebol

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани