Трагедија ја засени титулата, навивач загина по пад од трибина (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Наместо славеничка атмосфера, мечот на Алжер во последното коло на првенството на Алжир беше обележан со трагедија. Еден навивач загина, а уште 11 се повредени откако попушти оградата на горната трибина и дел од публиката падна од висина од околу десет метри.

Несреќата се случи веднаш по завршувањето на натпреварот со Магра, кој заврши 0-0 и му ја донесе титулата на Алжер. Моментот на паѓање беше снимен и сцените се навистина вознемирувачки.

По трагедијата се огласи и претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебун, кој изрази сочувство до семејството на загинатиот и посака брзо закрепнување на повредените.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×