Тотнем започнал преговори со Реал за Бејл, интерес пројавува и Манчестер јунајтед но само како замена за Џејдон Санчо

by
1 минути читање

Тотнем и
Манчестер јунајтед ќе водат битка за потписот на Герет Бејл. ЕСПН вели дека
„спарси“ веќе оствариле контакт со Реал Мадрид и во моментов се во предност во
однос на „ѓаволите“.

По поразот од
Евертон на отварањето од новата сезона, Жозе Мурињо побарал засилување за
офанзивата, името на Герет Бејл било на врвот на листата со желби, па Даниел
Леви почнал да работи на зделката.

Што се однесува
до Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер го сака Герет Бејл, но само како план
Б. Клубот од Олд Трафорд како приоритет го има Џејдон Санчо и не губи надеж и
покрај тоа што од таборот на Борусија Дортмунд во неколку наврати посочија дека
Англичанецот останува.

Герет Бејл има нето
плата од преку 15 милиони евра, односно преку 30 милиони евра бруто, па ова
преставува проблем и веројатно Реал Мадрид ќе треба да покрива дел од примањата
на играчот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×