Тотнем во последните 5 години потроши 50 милиони на откази на тренери, еве кој доби најголема компензација

by
1 минути читање

Тотнем потроши богатство на откази во последните пет години, одвоени се
50 милиони фунти за компензација за предвремен раскин на договорите.

Во ноември 2019, Маурисио Покетино доби отказ по серија слаби резултати,
Аргентинецот си замина со 12,5 милиони фунти во џебот.

Во април 2021, Жозе Мурињо го снајде истата судбина, по елиминацијата
во Лига Европа и ФА Купот, Тотнем му „удри клоца“ на Португалецот, кој утеха
најде во компензацијата вредна 20 милиони фунти.

Нуно Еспирито Санто издржа едвај четири месеци на кормилото на Тотнем, па
откако загуби на пет од последните седум натпревари, во ноември 2021 на стратегот
му беше покажана излезната врата, но и стана побогат за 14 милиони фунти.

Во споредба со овие суми, Антонио Конте помина најлошо, Италијанецот за
отказот добиен оваа недела ќе „лапне“ само 4-5 милиони фунти, сумата е прилично
мала бидејќи тој има неколку месеци до крајот на договорот, опцијата за сезоната
2023/24 е во корист на Тотнем, па за таа не му следува компензација.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани