Тотнем трипати го победи Манчестер Јунајтед оваа сезона – како ќе биде во финалето?

by riste
1 минути читање

Во Лига Европа ќе има премиерлигашко финале, Манчестер Јунајтед против Тотнем, дуел на две екипи кои имаа очајни сезони во англиската лига.

Една од двете екипи ќе ја извади сезоната со освојување на трофеј во Лига Европа, но кој ќе биде тоа.

Според обложувалниците, Манчестер Јунајтед е благ фаворит во однос на Тотнем.

Но, оваа сезона овие два тима трипати се сретнаа и секогаш победуваше лондонскиот тим.

Во Премиерлигата, Тотнем го победи Манчестер Јунајтед со 3-0 и 1-0. Се сретнаа и во Лига Купот каде спарси беа подобри со 4-3.

Покрај ова, Тотнем е во серија од шест меча без пораз од Манчестер Јунајтед кој последен пат го победи овој ривал на 19 октомври 2022 кога Кристијано Роналдо беше нивни член.

Дали ваквата статистика ќе има психолошко влијание во финалето, останува да се види.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани