Тотнем свеж доаѓа во Скопје, поради хаосот со ковид-19 откажана е пресметката во Лејтон

by
1 минути читање

Иако беше
предвидено вечерва Тотнем да гостува кај Лејтон Ориент во рамките на англискиот
Лига Куп, сепак до тоа нема да дојде откако се појавија неколку позитивни
случаи на коронавирус во составот на домаќините.

Во текот на
вчерашниот ден, клубот кој се натпреварува во англиската Лига 2 потврди неколку
случаи на ковид-19 во својот клуб, а бројките воопшто не биле за потценување.

Се уште сме во
исчекување на финалните бројки, така да не можеме ништо конкретно да наведеме
на оваа тема, ова е навистина чуден процес бидејќи Тотнем побара од нас да ги
реализираме овие тестови, а ние доброволно го сторивме тоа
“ изјави првиот човек
на Лејтон Ориент, Нигел Тревис.

Со ова, дуелот
помеѓу Лејтон и Тотнем во рамките на третата рунда натпревари од англискиот
Лига Куп и дефинитивно е откажан за вечерва, а тоа значи дека составот предводен
од Жозе Мурињо во четврток (21,00) доаѓа свеж во Скопје за пресметката со
Шкендија.

Во однос на Лејтон Ориент, тестирањето од финансиска гледна точка е покриено од страна на Тотнем, а ова доаѓа по послабите системи на уредување во однос на коронавирусот во пониските дивизии на Англија, каде клубовите немаат обврска на еднонеделни тестирања за присуство на заразата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани