Тотнем се испоти, но на крајот убедливо го победи Викомб (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Резултатот дава слика дека ова беше лесна и рутинска победа на Тотнем, но тимот на Мурињо добро се намачи за да дојде до победата.

Викомб поведе со 25. минута со гол на Онјединма, Герет Бејл во судиското продолжение од првиот дел изедначи на 1-1. Во првиот дел Тотнем двапати ја погодуваше пречката.

Нерешениот резултат беше актуелен се до 86. минута кога Хари Винкс погоди за комплетен пресврт и водство на Тотнем од 2-1.

Следната минута Ндомбеле зголеми на 3-1, а тој постигна и уште еден гол во судиското продолжение за конечни 4-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×