Тотнем руши два рекорди со Тонали, Италијанецот ќе стане и најскап и најплатен

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Англија продолжуваат да пишуваат за можноста Тотнем да го ангажира Сандро Тонали ова лето, се говори дека „спарси“ се прилично сериозни во намерата и се подготвени да го направат Италијанецот и најскапиот, и најплатениот играч во тимот.

Сандро Тонали ова лето ќе ја промени средината, изминатиов период често се говореше дека градските ривали, Манчестер јунајтед и Манчестер Сити, ќе водат битка за неговиот потпис, но во моментов Тотнем е тој што влече конкретни потези.

„Спарси“ доставија прва понуда, вредна помеѓу 75-80 милиони фунти, која сепак веднаш беше одбиена од Њукасл.

Но клубот од Северен Лондон нема да се откаже и наскоро повторно ќе тропне на вратата на популарните „страчки“.

Добро упатениот Фабрицио Романо вели дека Тотнем е убеден дека може да потписот на Италијанецот, а со слични информации брифира и Дејвид Орнштајн.

Новинарот на Атлетик објаснува дека Тотнем му нуди големи пари на Сандро Тонали, односно ќе го направи фудбалерот од средниот ред далеку најплатен во тимот.

Исто така, Тотнем е подготвен да наддава до 100 милиони фунти, со што Сандро Тонали ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на „спарси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×