Тотнем продава 7 играчи за да прибере пари за ангажман на уште две засилувања за Конте

by
1 минути читање

Тотнем потроши речиси
100 милиони фунти изминативе месеци за ангажман на Ив Бисума, Ришарлисон и Џед
Спенс. Иван Перишиќ и Фрејзер Фостер пристигнаа беспари додека пак Клемн Ленгле
е донесен на позајмица од Барселона.

Но очигледно
„спарси“ не завршиле со шопингот, се шпекулира дека Антонио Конте мерка уште
две засилува, односно Николо Заниоло од Рома и Пау Торес од Виљареал.

За да стигне до
овие играчи, Тотнем ќе прибира средства со продажба на седум играчи.

Нов клуб се бара
за Танги Ндомбеле, Џовани Ло Селсо, Серхио Регилон, Хари Винкс, Џафет Танганга,
Брајан Хил, и еден од Емеросн Роја и Мат Доерти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани