Тотнем потроши 15 милиони евра на фудбалер кој Конте не го побарал

by
0 минути читање

Антонио Конте на прес-конференција ги изненади сите кога кажа дека Спенс е донесен по желба на клубот, а не по негова.

„Спенс е инвестиција од клубот, тие сакаа да го купат. Па реков во ред, во ред. Млад е, може да стане важен играч за нас. Клубот беше многу јасен со мене“, откри Конте.

Спенс важи за сериозен талент, а се предвидува дека неговата цена на пазарот во иднина ќе расте, па клубот во него гледа добра инвестиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани