Toтнем по двата порази договори ново засилување, ќе плати 80 милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Илман Ндиаје ова лето се поврзуваше со бројни клубови од Премиер лигата, но на крајот ќе заврши во Тотнем, додека во спротивен правец тргне Ришарлисон!

Британскиот инсајдер Дејвид Орнштајн објави дека Ндиаје ги договорил личните услови со Тотнем до летото 2031 година, но сè уште не е познато колку Евертон ќе добие на име обештетување. Имено, Ришарлисон би можел да биде дел од зделката. Орнштајн тврди дека овие трансфери ќе бидат одделни зделки, но разликата во обештетувањата би можела да биде пресудна.

Евертон досега бараше повеќе од 80 милиони евра за неговиот трансфер, па сега останува да го почекаме расплетот на ситуацијата, односно да видиме колку Тотнем ќе го процени Бразилецот.

Без оглед на тоа колкава ќе биде разликата, дефинитивно станува збор за одлична работа за Евертон, кој го доведе Ндиаје од Олимпик Марсеј во летото 2024 година за 17.7 милиони евра. Досега тој постигна 17 голови и запиша четири асистенции на 73 натпревари.

Од друга страна, Ришарлисон би можел да се врати во Евертон, за кој настапуваше до 2022 година, кога премина во Тотнем за 60 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×