Тотнем остана без спортски директор поради Јувентус!

by
1 минути читање

Фабио Паратичи е поранешен директор на Јувентус кој е зафатен од санкциите кон италијанскиот гигант. 

ФИФА реши неговата казна да важи за сите земји, не само за во Италија. Паратичи се жалеше на оваа одлука, а одговорот по жалбата треба да го добие на 19. април.

Сепак, Паратичи нема да го чека одговорот на жалбата, тој уште денеска се раздели со Тотнем, а англискиот клуб тоа го потврди преку официјално соопштение.

Паратичи од 2010 до 2021 година беше дел од Јувентус, а потоа се пресели во Тотнем, тој беше клучен за ангажманот на Конте кој исто така се раздели од клубот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×