Хари Кејн има само
уште една година од договорот, неколку клубови внимателно ја следат неговата
ситуација а Баерн Минхен е тој кој прави најконкретни чекори.
Се верува дека
„баварците“ веќе се имаат договорено со напаѓачот, но тешко им одат преговорите
со Тотнем, клубот од Северен Лондон веќе одби две понуди.
„Спарси“ не сакаат
да се откажат од својата најголема ѕвезда, и како што пренесува новинарот Мет Лоу
од Телеграф, Даниел Леви му нуди богатство на Хари Кејн за да го одбие Баерн
Минхен и да остане.
Тотнем е
подготвен да го направи голгетерот еден од најплатените во Премиерлигата и да
му даде плата од околу 400.000 фунти неделно доколку остане верен и стави
потпис на нов договор.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.