Тотнем ќе пазари во лутиот ривал Арсенал?!

by
1 минути читање

На Островот
наведуваат дека Тотнем одблизу ја мониторира ситуацијата со талентираниот 22
годишен фудбалер на Арсенал, десниот бек Ејншли Мејтланд-Најлс, кој веројатно е
дека нема да има можност за докажување кај „Топчиите“, особено по доаѓањето на
Кјеран Тирни кој веќе импресионира под кормилото на Микел Артета.

Трансферите
помеѓу двата големи градски ривали од Северен Лондон се речиси невозможна
мисија за обата клуба со оглед на огромното ривалство, добрите познавачи на
фудбалот веројатно се сеќаваат на тоа колку омразен стана Сол Кембел кој го
замени дресот на Тотнем со тој на Арсенал во 2001. година.

Како и да е, наводно
на Мејтланд-Најлс му е посочено дека ќе се разгледаат потенцијалните понуди за
него, а се верува дека „Топчиите“ би прифатиле до 20 милиони фунти за неговите
услуги.

Се верува дека
Жозе Мурињо очајно е во потрага по засилување на десната бековска позиција,
каде наводно ја загубил довербата во Серж Орие.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

×