Тотнем ја одби и третата понуда од ПСЖ за Деле Али

by
1 минути читање

Деле Али останува
во редовите на Тотнем, и покрај фактот што неговиот тренер Жозе Мурињо не
помислува да го користи за натпреварите сезонава, па иако постоеше интерес од
ПСЖ за позајмица до крајот на сезоната, истата не се реализираше.

Првиот човек на „Спарси“,
Даниел Леви според информациите од Островот ја одбил и третата понуда од страна
на францускиот првак каде постоеше можност Деле Али повторно да соработува со
Маурицио Покетино.

Медиумите на
Островот посочуваат дека и покрај желбата на Деле Али да се пресели во ПСЖ,
како и зеленото светло од страна на Мурињо за тој трансфер, сепак, токму Леви
бил против тој потег, а сето тоа веројатно поради кризата со пандемијата
предизвикана од коронавирусот, односно потребата од дополнителни фудбалери во
составите.

24 годишниот
фудбалер од средниот ред нема запишано настап во Премиерлигата од 16 декември
па наваму, а запиша само четири настапи во новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×