Тотнем има голема доверба во Анге Постекоглу, му даде договор на дури четири години

by
1 минути читање

Тотнем конечно го одбра наследникот на Антонио Конте, Анге Постекоглу е нов тренер на „спарси“.

57 годишниот стратег, кој ќе биде првиот Австралиец тренер во Премиерлигата, доби долгогодишен договор и се обврза на дури четири години.

Првиот човек на клубот, Даниел Леви рече: „Анге носи позитивен менталитет и брз, офанзивен фудбал. Има одлично резиме кога е во прашање развој на фудбалери и добро разбира каква е важноста на академијата и поврзаноста со првиот тим, работи кои се многу важни во овој клуб. Задоволни сме што Анге ни се придружи и почнуваме да се подготвуваме за новата сезона“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×