235
Лондонскиот клуб за Хојберг ќе плати околу 15 милиони евра, додека Вокер Питерс чини 12 милиони евра. Тоа значи дека Спарси ќе треба да доплатат само три милиони евра.
Дефанзивецот, Вокер Питерс последната полусезона ја помина на позајмица во Саутемптон, па светците сакаат комплетно да го откупат играчот на Тотнем.
25-годишниот Хојберг кој треба да се пресели во Тотнем, го носеше дресот и на Баерн Минхен од каде дојде во Саутемптон. Но како член на Баварците беше и на позајмица во Аугсбург и Шалке.
Останува двата клуба да ги испеглаат деталите во кои спаѓаат бонусите, и да ги договорат личните услови со фудбалерите.