Тотнем го совлада Евертон, 200. победа за Мурињо во Премиерлигата (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Тотнем освои три важни бода во битката за позициите кои водат во Европа, го совлада Евертон со минимални 1-0.

Мечот беше решен во 24. минута кога Ло Селсо шутираше, топката го удри Мајкл Кин и заврши во мрежата на Пикфорд за водство и победа на Тотнем.

Ова беше победа број 200 за Мурињо во Премиерлигата, до неа дојде од одиграни 326 натпревари. Побрзо до 200 победи од него стигнал само Сер Алекс Фергусон, тој до таков учинок дојде од 322 меча.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×