Се шпекулираше дека белгискиот фудбалер ќе го напушти клубот како слободен играч во јуни, но Тотнем ја активираше клаузулата според која може да го продолжи договорот со него за уште една година.
Во таквиот дополнителен договор Алдервирелд има откупна клаузула од 25 милиони фунти која трае до последните две недели во летниот преоден рок.
А тоа значи дека голема е веројатноста Тотнем да го продолжува договорот со фудбалерот само за да инкасира од неговото заминување.
„Клубот може да потврди дека ја активиравме опцијата да го продолжиме договорот на Тоби Алдервирелд до 2020 година. Белгискиот репрезентативец има 135 настапи за нас откако потпиша од Атлетико Мадрид во 2015 година“, стои во соопштението на Тотнем.
Алдервирелд беше цел на Манчестер јунајтед во минатиот преоден рок, но тогаш Ед Вудворд одби да плати 60 милиони фунти колку што бараше Тотнем.