Клубот од Северен Лондон попладнево го потврди и второто засилување за новата сезона, потпиша со Маркос Сенеси од Борнмут.
„Спарси“ и Роберто де Зерби имаат големи планови за трансфер пазарот, и се очекува да биде инвестирани неколку стотици милиони фунти на засилувања.
Но пред да бркне длабоко во џебот, Тотнем денеска го потврди и второто бесплатно засилување ова лето.
Откако потпиша со Енди Робертсон од Ливерпул, Тотнем сега го соопшти и трансферот на Маркос Сенеси од Борнмут.
Аргентинецот беше на радарот на неколку клубови ширум Европа, но на крајот пресуди неговата желба да остане во Премиерлигата и да се пресели во Лондон.
„Да се биде играч на Тотнем е многу посебно чувство. Уште од првиот момент, клубот покажа зошто ме сака и колку многу сака да бидам дел од она што го градат. Тоа е возбудливо и нешто во кое едвај чекам да бидам вклучен. Секогаш кога ќе стапнам на теренот, ќе го давам најдоброто од себе за да ги направам навивачите горди и да го вратам клубот на местото каде што припаѓа. Сакам да освојувам трофеи со Тотнем и ќе направам сè што можам за тоа да се случи“ – вели Сенеси
Тренерот Де Зерби објасни зошто го ангажирале Аргентинецот: „Искуството на Маркос, неговиот квалитет со топка и натпреварувачкиот дух ќе нè направат посилни во одбраната, а истовремено ќе ни дадат и флексибилност во формацијата.“
„Тој се чувствува удобно во тим кој игра со посед на топката, многу добро ја чита играта и има личност да напредува во средина со високи барања. Исто така, ми се допаѓа неговиот менталитет и желбата постојано да се подобрува, и со нетрпение очекувам да работам со него и да го видам големиот придонес што може да го даде за тимот.“