Тотнем го договори Викарио, Интер ќе треба да ги менува трансфер плановите

by
1 минути читање

„Спарси“ се во
потрага на наследник на Иго Лорис и прв пик им беше Давид Раја, но Брентфорд
постави цена од 40 милиони фунти, па клубот од Северен Лондон се насочи кон
други цели и за кратко време се договори со Емполи за трансфер на Гуљелмо
Викарио.

Неколку извори
пренесуваат дека двата клуба си подале рака за зделка вредна околу 17 милиони
фунти, односно околу 20 милиони евра, па 26 годишниот голман во скоро време ќе
отпатува во главниот град на Англија на лекарски прегледи и потпис.

Ваквиот развој на
настаните значи дека Интер ќе треба да ги менува трансфер плановите. Имено,
„нероаѕурите“ го имаа идентивикувано Гиљелмо Викарио како нов голман доколку
Андре Онана направи трансфер (Челси и Манчестер јунајтед пројавија интерес за Камерунецот).

Интер сега ќе
мора да го активира планот Б, кои се состои од Гиорги Мамардашвили и Јан Зомер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани