199
Тотнем рутински си ја заврши работата кај фенерџијата Шефилд јунајтед. Домаќинот се обидуваше да пружи отпор, но Спарс го имаа мечот под целосна контрола.
Натпреварот беше отворен уште во петтата минута кога по центаршут на Сон од корнер, Орие погоди со глава за водство од 1-0.
На пет минути до крајот, Хари Кејн реализираше за зголемување на предноста на Тотнем на 2-0.
Во 59. минута Мекголдрик даде гол со глава и го врати Шефилд јунајтед во игра, но само три минути подоцна Ндомбеле постигна прекрасен гол за конечни 3-1.
Со овие три бода Тотнем се искачи на четвртото место на табелата од кое може да биде симнат од таму до крајот на колото.