Се верува дека Заниоло веќе ги има договорено личните услови со Јувентус, останува двата клуба да најдат решение за начинот на кој ќе биде реализиран трансферот.
Рома не сака да слушне за продажба под 60 милиони евра, а таа сума не може да си ја дозволи Јувентус.
Една од опциите е позајмица со обврска целосно да биде откупен по крајот на сезоната. Во пракса тоа ќе му дојде како купување на две рати. Јувентус дел од парите ќе ги даде сега за позајмицата, а дел ќе ги доплати во следниот летен преоден рок кога ќе го добие и како перманентен играч.
Легендата на Рома, Тоти кој секој меч го гледа од трибините на Олимпико, вели дека нема да биде проблем заминувањето на Заниоло.
„Воопшто нема да биде болно доколку се случи, знам дека Рома ќе купи некој исто толку добар“, рече Тоти.