Тоти верува дека тој може да го убеди Мурињо да остане во Рома

by
1 минути читање

Легендата на Рома, Франческо Тоти нема функција во клубот, но постојано е на трибините на Олимпико кога игра римската волчица.

Тој и Жозе Мурињо се во одлични односи и имаат голема меѓусебна почит.

Тоти беше прашан како Рома може да го убеди Мурињо да остане во клубот.

„Доколку зависи од мене, би било лесно, но да видиме што ќе се случи. Не знам што разговараат во клубот и не знам што ќе се случи. Се надевам дека ќе ја донесат најдобрата одлука“, вели Тоти.

Утре Рома со предност од 1-0 му гостува на Баер Леверкузен во реванш полуфиналниот натпревар од Лига Европа.

„Останаа уште 90 минути кои се важни за да се оствари целта која сите ја сакаме, а тоа е пласман во финалето“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×