Торино трие раце, Јувентус се обидува на Интер да му го украде Бремер

by
1 минути читање

Торино трие раце,
Јувентус се приклучува во трката за Глејсон Бремер, „старта дама“ е подготвена
да одвои повеќе пари од Интер за да стигне до потписот на дефанзивецот.

Се верува дека „нероаѕурите“
си имаат подадено рака со Бразилецот за плата од 3,5 милиони евра по сезона, но
запнаа преговорите со „биковите“ откако газдата Урбано Каиро постави цена од 40
милиони евра.

Во моментов Интер
не оди повеќе од 35 милиони евра, и тоа во оваа сума е вклучен и младиот Чезаре
Касадеи, кого го проценуваат на околу 8 милиони евра.

Јувентус е
подготвен да плати 35 милиони евра без да вклучува играчи во зделката, а и на
играчот му е понудена поголема плата, па лесно може да се случи Глејсон Бремер
да го погази дадениот збор и да заврши во Торино наместо во Милано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани