Торцида изведе диверзија која ќе се раскажува, запалија транспрант на трибината на БББ (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Вчера се одигра дербито меѓу Динамо Загреб и Хајдук кое го добија домаќините со 2-0, но дуелот на трибините меѓу навивачките групи Торцида и Бед Блу Бојс беше поинтересен.

Во еден момент почна да гори главниот транспарент Бед Блу Бојс на трибината на навивачите на Динамо Загреб. Па многумина мислеа дека тие сличајно сами го запалиле со некоја бакла, но не беше така.

Веднаш откако почна да гори транспарентот на БББ, на јужната трибина каде што беше Торцида, осамна транспарент: „Го чадевте последното дерби (на Денот на жената во Пољуд, поставија розови димни бомби), но сега горите. Повторно имате некаков ебан материјал за галеријата“ и „БББ гори“.

На тој начин навивачката група на Хајдук ја презеде одговорноста за запалениот транспарент на БББ и потврди дека сето тоа е нивна маестрална режија.

Една од теориите како го запалиле транспарентот е дека луѓе на Торцида неколку дена пред мечот влегле на стадионот на Динамо и поставиле бакли или запаливи прскалки кои ги активирале со далечинско. „24сата“ дури и има фотографија од далечинскиот со кој Торцида го запалила транспарентот на „БББ“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×