Тони Крос смета дека Лајпциг бил оштетен и објасни зошто голот на Шешко требал да биде признаен

by
1 минути читање

Реал Мадрид со
0-1 победи на гостувањето во Германија против РБ Лајпциг во првиот натпревар од
осминафиналето во Лигата на шампионите, но по крајот на пресметката голема
дебата имаше за контроверзниот момент од стартот на мечот.

Шешко ги донесе
домаќините во водство по само 100 секунди игра, но помошник судијата го крена
знаменцето за офсајд. И покрај тоа што напаѓачот не беше во недозволена
позиција, ВАР не ја промени одлуката поради позицијата на Хенрихс.

Дефанзивецот беше
во офсајд и малку го турна голманот Лунин, и тоа е аргументот зошто голот е
поништен.

Но Тони Крос не
се сложува со ваквото толкување на ситуацијата и правилата, играчот на Реал
Мадрид смета дека РБ Лајпциг е оштетен.

„Мислам дека на
крајот голот беше поништен поради позицијата на Хенрихс и тоа што малку го турна Лунин, но голманот и онака не
можеше да ја стигне топката, и токму затоа голот мораше да биде признаен. Нема
потреба да се аргументира оваа ситуација на поинаков начин“
– вели Германецот од
редовите на „кралевите“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×