Тони Крос на Реал Мадрид му препорачал засилување за средниот ред

by bojan
1 минути читање

„Кралевите“ се во потрага на фудбалер кој ќе ја поврзе одбраната со нападот, а Тони Крос го препорачал својот сонародник Анџело Штилер.

Реал Мадрид оваа сезона имаше доста проблеми во средниот ред откако Тони Крос се пензионираше, а дупката во овој дел од тимот дополнително ќе се зголеми со оглед на тоа дека летоска ќе замине и Лука Модриќ.

Па „кралевите“ сакаат летоска да донесат засилување за средниот ред и на листата со желби има неколку имиња.

Чаби Алонсо го побара Мартин Зубименди, но играчот е пред трансфер во Арсенал, па Реал Мадрид треба да разгледува други опции.

Медиумите шпекулираат со имињата на Тиџани Рајндерс, Енцо Фернандез и Езекиел Паласиос, а како алтернатива се споменува и Анџело Штилер.

Последните информации велат дека токму Тони Крос на Реал Мадрид му го препорачал Анџело Штилер и смета дека неговиот соработник ќе може одлично да ја поврзе одбраната со нападот.

Штутгарт нема да му прави проблеми, но Реал Мадрид ќе треба да плати преку 50 милиони евра за реализација на трансферот.

ФОТО: X/VfB Stuttgart

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани