257
Тонали синоќа потпиша нов петгодишен договор со Милан, тој ќе игра за годишна плата од околу 3 милиони евра по сезона.
Сандро Тонали е фан на Милан од дете, па и покрај тоа што имаше поголеми понуди, тој во 2020 од Бреша реши да се пресели на Сан Сиро, тогаш за плата од само 1,2 милиони евра.
Сега, со новиот договор клубот за повеќе од двојно му ги зголеми примањата.
„Здраво момци, пресреќен сум со новиот договор и то ашто го продолжив мојот престој во Милан. Знаете колку е длабока мојата љубов за овие бои. Ви благодарам за поддршката која ни ја давате. Со вашата поддршка можеме да оствариме големи работи“, им се обрати Тонали на фановите.